Трагедија: Почина младиот мотоциклист Дупаскје

epa09235009 Swiss Jason Dupasquier of Moto3 receives medical assistance after crashing during the qualifying session of the Motorcycling Grand Prix of Italy at the Mugello circuit in Scarperia, central Italy, 29 May 2021. EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Младиот швајцарски мотоциклист Џејсон Дупаскје почина како последица од повредите кои ги доби за време на саботнитни квалификации во Мото 3 класата за Големата награда на Италија.
Дупаскје во вториот дел од квалификациите на патеката „Мугело“ беше вмешан во тешката несреќа во која учествуваа и Ајуми Сасаки и Џереми Алкоба. Серхио Гарсија му попречи на Дупаскје кој падна од моторот по што во него удрија и Сасаки и Алкоба.

На младиот швајцарски мотоциклист на самата патека му беше укажана помош по што со хеликоптер беше префрлен во болница во Фиренца каде за време на ноќта му беше избршен оперативен зафат. Но, денеска во претпладневните часови, Џејсон Дупаскје им подлегна на повредите.
За нешто повеќе од еден месец, поточно на 9. јули требаше да наполни 20 години.

Видео на денот