ТРАГЕДИЈА – Почина млад хрватски актер

Хрватските медиуми изутринава ја објавија веста за смртта на младиот 31-годишен сплитски актер Јосип Браовац, познат на  тамошната публика по улога во серијата „Ружа вјетрова“.

Актерот од Сплит, татко на петгодишно детте, починал после  кратка борба со тешката болест, пишуваат хрватските медиуми.

Јосип на хрватските гледачи им е познат по улогата на Дамир од втората сезона на телевизиската серија „Ружа вјетрова“, чие дејство се одвиваше во Сплит.

Се појавил и во спотот на групата „Магазин“ за песната „Јутро након“, како и во „Школована да преживим“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот