Трагедија: Почина млад фудбалер во Косово по срцев удар за време на натпревар

Ерион Кајтази беше У17 младински репрезентативец на Косово/фото: instagram.com/kf.trepca89

Младиот фудбалер на јуниорскиот тим Трепча ’89, Ерион Кајтази (17), почина на фудбалскиот терен како последица на срцев удар.

Веста за Кљан Косова ја потврдија официјални лица на клубот А&Н од Призрен, кои денеска играа натпревар со Трепча кога се случи трагедијата.

Фудбалерот од Косовска Митровица колабираше на крајот од првото полувреме, а лекарите можеле само да констатираат смрт.

– Денеска на 17 години нè напушти нашиот незаборавен, Ерион (Фатон) Кајтази. Не можеме да најдеме зборови да напишеме за тебе Ерион. Со нас порасна со сите возрасни групи. Планиравме дека во блиска иднина да го реализираме твојот трансфер во Европа, дека ќе дојде тој ден да се одвоиме само физички, но не и емотивно и духовно. Ери, како што сите те нарекувавме, секогаш ќе останеш во нашиот умови, сакан, насмеан, близок до сите пријатели и воопшто нашиот клуб – објавија од ФК Трепча `89.

Кајтази инаку беше младински репрезентативец на Косово до 17 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот