Трагедија: Почина 14-годишен шпански мотоциклист

фото: мото гп

Страшниот инцидент на трката на Европскиот куп на таленти која се возеше во Арагон го чинеше живот 14-годишниот Уго Милан кој им подлегна на повредите.
Инцидентот со трагични последици се случи на петтиот свиок и во него учестувуваа неколку мотоциклисти. Милан ја загуби контролата над моторот и падна, но на негова несреќа, налетаа останатите мотоциклисти кои налетаа на него во моментите кога се обидуваше да се подигне од патеката.

Трката веднаш беше прекината, а младиот Шпанец итно беше префрлен во болница, но сепак вленот на ФИМ ЦЕВ Репсол тимот, не успеа да се извлече и им подлегна на повредите.
Пред трагичната трка во Арагон, Уго Милан имаше успешна сезона со неколку пласмани на победничкиот подиум, а беше и лидер во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот