ТРАГЕДИЈА: Петнаесетгодишно момче се удави во реката Пчиња

Фото: https://kumanovonews.mk

Петнаесетгодишно дете од кумановското село Љубодраг вчера попладне се удавило во реката Пчиња во селото Шупли Камен.

Несреќата, како што објави Куманово њус, се случила околу 16 часот, кога детето заедно со своите другарчиња влегло да се капе во еден од вировите длабок околу 3,5 метри. Притоа го повлекла водата и пропаднало.

Луѓето кои биле со него се обиделе да го пронајдат, но безуспешно.

Веднаш била известена полицијата која пристигнала и заедно со мештаните ја започнала потрагата.

По еден час било извадено безживотното тело на несреќното момче. Увид на лице место извршила полицијата и јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот