ТРАГЕДИЈА: Среде натпревар почина фудбалски судија (ВИДЕО)

Судијата Виктор Хуртадо починал за време на натпреварот од 25.коло во националниот шампионат на Боливија меѓу екипите на Олвејс Реди и Петролеро (5:0).

Според тамошните медиуми, трагедијата се случи во второто полувреме кога срцето на 32-годишниот судијата престанало да работи. Лекарите од двете екипи се обиделе да му помогнат. Потоа,тој бил испратен во болница, но лекарите не можеле да го спасат судијата.

Исто така е објавено дека лекарите на стадионот успеале да го реанимираат Хуртадо. Меѓутоа, во болницата, тој повторно имал срцев удар, што доведе до смрт.

Боливискиот претседател Ево Моралес преку Твитер изрази сочувство до роднините и пријателите на арбитерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот