ТРАГЕДИЈА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ХОНГКОНГ: Загина студент

Студент од Универзитетот во Хонгконг, Чау Тс-Лок, кој падна од гаража откако полицијата фрли солзавец за време на судирите со антивладините демонстранти, почина рано утрово.

Болничката управа соопшти дека 22-годишниот студент им подлегнал на повредите, но не наведе дополнителни детали.

Демонстрантите бараат правда за загинатиот студент и обвинија неколку полициски службеници, нарекувајќи ги „убијци”.

– Неговата смрт е потсетник дека не можеме да се откажеме – изјави еден од демонстрантите за локална телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот