ТРАГЕДИЈА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ЧИЛЕ: Возач влета во група на демонстранти, меѓу загинатите и четиригодишно дете (ВОЗМЕНИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Alberto Valdes

По вчерашната нова ескалација на протестите во Чиле, откако стотици илјади луѓе протестираа против социјалните нееднаквости во јужноамериканската земја, светските медиуми објавија вознемирувачко видео во кое може да се забележи како автомобил влетува во група на демонстранти.

Според пишувањата на Си-Ен-Ен, во овој инцидент од вторникот загинало четиригодишно дете, додека британски „Дејли мејл“ пишува дека возачот кој ракувал со возилото бил под дејство на алкохол. Се верува дека покрај детето, има уште едно загинато лице, додека 20 лица се повредени.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден загинале три лица, со што вкупниот број на жртвите на протестите се зголеми на 18.

Два супермаркета беа запалени во северниот град Антофагаста, а еден хотел беше предмет на вандалски настан во Сантјаго, јави локалната телевизија Вентикуатро Орас.

Протестите започнаа поради зголемување на цените на билетите за метрото. Мерката беше укината, но тоа не ги смири демонстрантите. Претседателот Пинера најави реформи, вклучително и зголемување на пензиите и минималната плата, пониски цени на лековите и повисоки даноци за богатите.

Покрај тоа, вчера имаше демонстрации во повеќе градови, а полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите.

Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот