Трагедија: Лавина на Алпите уби светски и европски шампион во мотокрос

Рене Хофер беше повеќекратен светски и европски јуниорски шампион во мотокрос/ принтскрин/јутјуб

Рене Хофер (19) млада мотокрос ѕвезда е една од трите жртви кои починаа за време на лавина на австриските Алпи.

Хофер беше дел од групата од 11 скијачи кои беа зафатени од лавината и од која се спасија осум лице, а тројца загинаа меѓу кои беше и европскиот шампион во мотокрос.

Хофер и останатите две жртви беа пронајдени од спасувачките екипи благодарение на уредите за следење кои ги имале со нив.

Една жртва починала веднаш откако била пронајдена, втората на пат кон болница, а третата била извлечена дури четири часа по лавината.

Хофер беше еден од најдобрите млади натпреварувачи во мотокрос на светот. Тој е повеќекратен европски и светски јуниорски првак, а минатата година беше ангажиран од Ред Бул КТМ, кој и ја потврди смртта на Хофер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот