Трагедија: Кошаркар во Италија колабираше на терен, потоа почина во болница

Кошаркарска Итлаија тагува по Хаитем Жабер Фаталах кој денеска почина откако колабираше на терен/фото: fortitudomessina.wixsite.com

Кошаркарот на Фортитудо Месина, Хаитем Жабер Фаталах  (32) денеска колабираше за време на натпревар и подоцна почина во болница, пишуваат италијанските медиуми.

На натпреварот помеѓу Фортитудо Месина и Диере Реџо кој се играше во Реџо Калабрија, Жабер Фаталах ја загуби свеста и колабираше за време на натгпреварот. Лекарите веднаш се обидоа да го реанимираат, потоа го префрлија во најблиската болница, но за жал беше предоцна бидејќи срцето на кошаркарот не издржа и Жабер Фаталах почина во болница.

Хаитем Жабер Фаталах имаше повеќе од 250 настапи во сениорска конкуренција и најголем дел од кариерата ја помина во нисколигашки екипи, а за екипата на Фортитудо Месина настапуваше од 2017 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот