ТРАГЕДИЈА КАЈ ЛИБИСКИОТ БРЕГ: Во бродолом настрадале 40, а спасени се 60 лица!

Мигранти, Либија / Фото: Архива

Во последниот бродолом крај либискиот брег најмалку 40 лица загинале или исчезнале на пловен објект што превезувал мигранти кон Европа, додека е можно 60-тина лица да се спасени, соопшти денеска портпаролот на Агенцијата на ОН за бегалци Чарли Јахлеј.

„До нас доаѓа ужасна вест за огромна загуба на животи во бродоломот крај либискиот брег“, пиша Јахлеј на Твитер , додавајќи дека засега има малку детали за несреќата.

„Шеесетина лица се спасени и вратени на брегот. Проценките се дека најмалку 40 лица загинале или исчезнале“, додаде  Јахлеј во твитот.

Старите и трошни пловила, наполнети со мигранти кои се обидуваат да дојдат до Европа редовно имаат несреќи крај либискиот брег. Минатата недела повеќе од 100 лица загинаа во бродоломот, додека минатиот месец се преврте брод со 250 лица.

Изминатите години илјадници лица го загубија животот во Медитеранот од стотиците илјади кои се обидуваат да минат од Северна Африка во Европа, иако ОН наведуваат дека бројката на тие што сакаат да тргнуваат на ваков ризичен пат е се помала, пренесуват британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот