Трагедија кај грчкиот остров Лезбос: Се преврте брод, седум загинати

Во бродска трагедија во близина на грчкиот остров Лезбос, четири жени, две деца и маж се удавија кога чамец со кој се превезувале се превртел, соопшти грчката крајбрежна стража.

Како што се наведува, останатите 57 патници се спасени, а акцијата за спасување сè уште трае, пренесе „Ројтерс“.

Сè уште не е позната националноста на жртвите.

Пет спасувачки чамци и еден хеликоптер и натаму ја пребаруваат областа во потрага за евентуални преживеани, а спасените се однесени на пристаништето Митилини, пренесе „Катимерини“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот