ТРАГЕДИЈА: Девојче почина на трибините на „Алијанц“ Арената во Минхен

Голема трагедија се случи вчера за време на натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Падерборн.

На трибините на „Алијанц“ Арената почина 14-месечно девојче чии родители ја донесоа на стадионот за да го следат нбастапот на нејзиниот вујко, Стерлки Мамба од Падерборн.

Девојчето во еден момент ја загубила свеста, а иако лекарските служби на стадионот експресно реагирале, ја префрлиле во болница, но и покрај сите напори на лекарите, внуката на Мамба сепак го загубила животот.

Баерн Минхен испрати сочувство, а во Падерборн сите се сериозно потресени за неверојатната трагедија што се случила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот