ТРАГЕДИЈА: Браќа си играле криенка, па се задушиле во замрзнивач

Во селото Михајловка во Киргистан се случила голема трагедија. Браќата Давид (6) и Никита (4) се задушиле откако играле криенка и од натре се заклучиле во стар замрзнивач.

Како што пренесува Дејли Мејл, постариот брат влегол во замрзнивачот кој се наоѓал во дворот, а кога помалиот брат го нашол, влегол и тој. Но, бидејќи замрзнивачот бил од советско производство, и не можел да се отвори од внатре, тие се заглавиле во него и се задушиле.

Кога родителите на децата забележале дека ги нема, го алармирале целото село и полицијата која ги нашла браќата во замрзнивачот. Родителите се обиделе да ги реанимираат, но било прекасно.

Како што соопштила полицијата, браќата биле заглавене пет часа, а починале од гушење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот