ТРАГЕДИЈА: 22-годишно момче од Свети Николе почина по компликации со ковид-19

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Денеска на Инфективната клиника во Скопје животот го загубило 22-годишно момче од Свети Николе откако неговата здраствена состојба се искомплицирала по зараза со коронавирусот, информираше за повеќе медиуми во земјава велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

Според овие информации, 22-годишното момче најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата  во Велес, од каде иако се обидовме, сепак не успеаме да добиеме повеќе детали за овој случај.

Момчето починало на Инфективната клиника во Скопје, но пред тоа се лекувало на Инфективното одделение од Велешката болница. Поради компликациите минатата среда дена бил итно пренесен  во Скопје. Од Инфективната клиника во Скопје велат дека пациентот имал коморбидитети, односно висок крвен притисок, епилепсија и прекумерна телесна тежина, пренесе СДК.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот