Трагедии, дрога и повеќе од петстотини љубовници за седум години: Животот на поп – ѕвездата Џорџ Мајкл

ЏОРЏ МАЈКЛ
Фото: Instagram

Иако имаше кариера на која многумина би му позавиделе, големите животни трагедии што го снашле во голема мера го промениле неговиот став кон животот, но и редоследот на настаните.

Џорџ Мајкл е роден во грчко – кипарско семејство во 1963 година. Oтсекогаш покажувал љубов кон музиката, а за првпат на музичката сцена застанал како дел од поп – дуото „Wham!“ во 1980-тите години на минатиот век по што станал една од најуспешните и најсаканите поп – ѕвезди во неговата ера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Michael (@georgemofficial)

Група „Wham!“ ја основал со Ендру Ридгли, другар на Џорџ од училишните клупи. Музичкото дуо за време на кариерата издало два албума кои се најдоа на врвот на музичките топ листи, а најголеми хитови  „Last Christmas“, „Club Tropicana“ и „Wake Me Up Before You Go Go“ се слушаат до ден денес.

Џорџ својата соло кариера ја започна во 1984 година со песната „Careless Whisper“, која стана планетарен хит и една од оние што ја обележаа неговата кариера. Некои од неговите најпознати обожаватели биле принцезата Дијана и принцот Чарлс, со кои подоцна станал и добар пријател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Michael (@georgemofficial)

Никогаш немал поддршка од неговите родители. Неговиот татко го убедувал дека не знае да пее, а неговата мајка со години велела дека тој не е хомосексуалец. Иако бил сигурен во своите чувства, не смеел да се соочи со тоа поради притисокот од страна на неговата мајка. Џорџ долго време живеел во верување дека има еднакви љубовни чувства и кон машкиот и кон женскиот пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Michael (@georgemofficial)

Бројни трагедии

По успехот во 1980-тите и раните 1990-ти, животот на Џорџ бил обележан со трагични и контроверзни настани. Бил уапсен во 1997 година имајќи секс во јавен тоалет во Лос Анџелес, по што јавно признал дека е хомосексуалец.

Пејачот се обидел да не ги разочара очекувањата на своите родители, а поради преголемиот притисок почнал да конзумира наркотични средства

Почнав сериозно да земам наркотични средства пред „Wham!“  да се распадне, особено кога сфатив дека не сум бисексуалец, туку дека ме привлекуваат само мажи. Тоа ја уби мајка ми, изјавил Џорџ во едно интервју во 1999 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Michael (@georgemofficial)

За краток временски период, Мајкл ја изгуби својата мајка Лесли Анголд, за која бил многу приврзан, но и неговиот емотивен партнер Анселм Фелепа, кој починал од СИДА. Во 1997 година, поради бројните загуби, му била дијагностицирана депресија.

Се борев со тешка депресија откако мајка ми почина. Навистина е тешко да се изгубат и мајката и партнерот во рок од три години, изјави Мајкл во тоа време за странските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Michael (@georgemofficial)

Иако од тогаш поминале многу години, пејачот не успеал да се помири со фактот дека ги изгуби своите најблиски при што во 2005 година изјавил дека повеќе не сака да живее што особено ги загрижило сите негови обожаватели.

Како некој да ми фрли клетва! Околу мене имаше толку многу смртни случаи, што немам зборови, изјавил тогаш Џорџ Мајкл.

Прерана смрт

Џорџ Мајкл имал 53 години кога починал. Во 2016 година, неговиот тогашен партнер го пронашол мртов во неговиот дом. Веднаш повикал брза помош, но било предоцна. Пејачот починал од срцев удар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Michael (@georgemofficial)

Пикантерии од животот на Мајкл

По неговата смрт, магнатите започнале да ја откриваат пикантерии од неговиот живот. Познатиот водител и новинар Пирс Морган, во една негова колумна открил дека неговиот близок пријател – покојниот пејач Џорџ Мајкл, имал необичен излив на искреност за време на приватна вечера во Лондон.

Пејачот, кој почина на крајот на 2016 година, им открил на сите присутни во тоа време дека имал дури 500 љубовници за само седум години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Michael (@georgemofficial)

Се огласил и неговиот поранешен партнер

Поранешното момче на покојниот пејач, Фади Фавез, ја шокирал јавноста кога на својот фејсбук – профил напишал дека пејачот бил само голема грешка во неговиот живот.

Овој голем излив што го направи Фади се случил по смртта на постарата сестра на Џорџ, Мелани (55). Семејството на Фавез му забранило да присуствува на погребот откако тој изразил сочувство до семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George Michael (@georgemofficial)


Џорџ Мајкл беше голема грешка во мојот живот. Но, сите живееме за да научиме од грешките, напишал поранешниот љубовник на пејачот, кој воедно и го пронашол пејачот мртов на 53-годишна возраст.

Инаку, сестрата на Мајкл починала на ист начин и истиот ден, на Божиќ, како и нејзиниот брат. Извор близок до семејството вели дека таа не можела да ја преболи смртта на својот сакан брат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот