Траект заринка на пристаништето во Коста Брава, 400 луѓе се евакуирани

Околу 400 луѓе се евакуирани од патничкиот траект откако заринка на пристаништето во Коста Бланка во Шпанија.

Траектот кој пренесувал патници од Мајорка и Ибица до Денија, се заринкал на ѕидот од пристаништето, пренесува британски „San“.

За сега нема пријавено повредени лица.

Шпанската крајбрежна стража и Цивилната гарда помогнале патниците безбедно да го напуштат траектот. Спасувачката акција траела до 2 часот по полноќ. Покрај луѓе во траектот се наоѓале и околу 70 возила.

Лицата кои патувале со автомобили на траектот, морале да ги остават таму, а им бил овозможен автобуски превоз до најблиските градови.

Истрагата за овој инцидент е се уште во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот