Традиционална изложба на фотогрупата „Чкрап!“ во Тетово

Фотогрупата „Чкрап!“ од Тетово, која постои од 2003 година, секоја есен, почнувајќи од 2004 година, ја одржува својата традиционална изложба на фотографии. Изложбата „Фотографии 2020“ беше планирано да биде отворена во НУ Музеј на тетовскиот крај во Тетово на 12 октомври, но поради силниот дожд беше одложена. Нов термин за отворањето на изложбата е 19 октомври, во 19 часот. Со почитување на сите мерки и протоколи за превенција од ковид-19, изложбата ќе се организира на отворено на Два Бреста.

На покана до членовите на „Чкрап!“ за учество на изложбата се одзваа 18 фотографи од Македонија, Чешка, САД и Холандија со 32 фотографии, работени во различни формати и техники.

Фотографија на Драги Неделчевски

– По неколку години, кога ќе го разгледуваме каталогот и фотографиите во него, ќе биде интересно да се види какви биле фотографските преокупации на чкраповци оваа, 2020 година, како и колку таа се одразила на нивната креативност и нивните „фотографски“ преокупации. Оваа 17-та изложба на фотографии, како и досега, многу повеќе дава увид во интимата на секој фотограф и на кој начин тој/таа ја изнедрува таа интима од себе во вид на фотографија, отколку што зборува за она што е фотографирано – истакна Драги Неделчевски од „Чкрап!“.

Фотографија на Самир Љума
Фотографија на Зоран Шекеров

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 53, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот