Традиционален ифтар на општина Бурса во Турската чаршија во Скопје

Фото/Слободен печат

Стотици граѓани се собраа на традиционалниот ифтар на градската општина на турскиот град Бурса, заедно со Хуманитарната организација Ел Хилал од Скопје, пред џамијата Мурат Паша во Турска чаршија во Скопје.

Во ифтарската програма присутни беа градоначалникот на Бурса, Алинур Акташ, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, претседателот на ХО Ел Хилал, Бехиџудин Шехапи, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, претседателот на стопанската комора на Бурса, Ибрахим Буркај, неколку парламентарни пратеници од Турција и од Македонија, претставници на институции како и чаршискиот еснаф заедно со нивните семејства и други граѓани од Скопје.

Домаќинот на ифтарската програма, претседателот на Ел Хилал, Бехиџудин Шехапи, им посака добредојде на сите гости и им го честиташе светиот месец Рамазан на сите присутни.

– Градот Бурса повторно потврди дека Бурса е многу важен град за Скопје, и дека за муслиманите во Македонија е бесценета – истакна Шехапи.

Градоначалникот на Бурса, Алинур Акташ рече дека не е можно да ги делиме Скопје, Тетово, Куманово и Бурса едни од други. „Ние кога доаѓаме тука не се чувствуваме како гости, напротив, ние тука се чувствуваме како дома.“ изјави градоначалникот на Бурса.

Турската амбасадорка, Тулин Еркал Кара, рече дека Скопје и Бурса се многу слични меѓу себе, и дека тие што доаѓаат прв пат во Скопје, имаат чувство како да патуваат во стариот изглед на градот Бурса.

Додека градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека овоја ифтар симболизира дека двете општини патуваат кон иста дестинација, и дека традиционалното одржување на овој ифтар со години наназад претставува посебна среќа за него.

[foogallery id=”24990″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот