14 C
Скопје

Традицијата продолжува: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно лидери за патни трошоци

Во новиот парламентарен состав рекордери по патни трошоци се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов, Сурија Рашиди и Петар Ристески, објави СДК.мк повикувајќи се на документи добиени од Собранието.

Од 120 пратеници во Собранието, 75-мина од нив зеле вкупно 122.000 евра надомест за патни трошоци од конституирањето во август лани, до први февруари годинава, односно за пет месеци од нивниот пратенички мандат.

Најдобар старт во прокнижени патни трошоци за 5 месеци има Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, од Василево, кој од Собранието подигнал 4.870 евра под оваа ставка. Веднаш до него е колегата Сурија Рашиди од струшкото село Радолишта, од партијата Алијанса за Албанците, со надомест од 4.777 евра.

За истиот период, Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа од Прилеп, зел 4.092 евра. Натаму, по надолен редослед доаѓа неговата сопартијка Јадранка Поцкова од Струмица, со пресметани 3.968 евра за патни трошоци.

Прочитајте и...  Претседателството на ЦДУ го потврди Армин Лашет за кандидат за германски канцелар

Ако се продолжи со ваквата динамика на книжење и исплата на патните трошоци, до крајот на четиригодишниот мандат на овој пратечнички состав, вкупната сума може да достигне и до милион евра.

Инаку, патните трошоци за пратениците беа намалени за 30 отсто уште во време на мандатот на претходниот пратенички состав поради баснословните суми и можноста за манипулација со белешките за патни трошоци.

Инаку, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, со години беше на на удар на јавноста и претходно, кога медиумите објавија дека како пратеничка за само една година, за патни трошоци инкасирала 23.000 евра.

Речиси двојно помалку од неа зеде пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, наречена „Мира Дизел“ која за возење на релација Делчево – Скопје и обратно за една година наплати 11.736 евра.

Прочитајте и...  Општина Берово ќе помогне на семејството на Верица, истото можат да го направат и сите граѓани

Поврзани вести

Царовска: Родителот кој смета дека неговото дете нема да може да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот

Слободен печат

Спасовски: Со координирана акција и активна меѓународна соработка до справување со глобалните безбедносни ризици

Слободен печат

Џорџ В. Буш ја критикува Републиканската партија на САД

Слободен печат

Социјалдемократите го слават денот на канабисот и жалат за бавната легализација

Слободен печат

Франција прва што ќе го тестира „ковид сертификатот”

Слободен печат

Министрите за надворешни работи на Г7 во мај ќе одржат состанок со физичко присуство

Слободен печат

Остави Коментар