Традиционално искачување на Демиркаписка клисура

демир капија
Демир Капија / Фото: МИА
Традиционално и овој први јануари, група љубители на алпинизмот и искачување на карпи, денеска по деветти пат се качуваат на Демиркаписка клисура.
– Традиционалното новогодишно дружење во демиркапиското камено царство е во организација на друштвото „Карпи за секој” од Демир Капија. Тука сме десетина луѓе кои го посветија овој прв ден од 2022 година, на природата и спортското качување. Посебно ни претставува задоволство што меѓу нас е и меѓународно познатата алпинистка Илина Арсова, којашто е единствена жена од Македонија што го има искачено највисокиот планински врв во светот, Еверест. Тука е и Киро Ѓорѓиев, екс председателот на спортскиот клуб „Клисура” од Демир Капија. Времето денес е вистинска пролет и сите сме  многу задоволни, нагласува за МИА, Александар Кленов, меѓународно познат руски алпинист и претседател на „Карпи за секој”.
Кленов истакна дека веќе неколку години одбрал да живее крај Демиркаписка клисура и крај три реки во Демир Капија.
– Воодушевен сум од природното богатство на демиркаписката околина и за цело ова време настојувам тоа да се промовира, со цел да биде видено од што поголем број на туристи и авантуристи, дециден е Кленов, кој најавува и многу други интересни содржини крај железната порта.
Тој најави дека кон крајот на месецов ќе биде зимското искачување на Демиркаписка клисура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот