Традиционален велигденски концерт на ансамблот „Танец“

Ансамблот за народни игри и песни „Танец”  вечер од 20 часот во Националната опера и балет ќе го одржи традиционалниот велигденски концерт, годинава насловен „Велигденско будење”.

Концертот содржи богата музичко-сценска програма во која ќе бидат изведени многу фрагменти од кореографии, вокални и оркестарски изведби од нивниот понов репертоар, од 2000 година до денес.

Ќе учествуваат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец” кој со овој концерт ја почнува јубилејната 70-та сезона, под мотото „Остани во чекор”.

– Чуварите на нашето музичко-фолклорно богатство со ова најавуваат храбри чекори кон модерните времиња, но и цврсто тежиште кон традиционалните вредности – соопшти „Танец“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот