Тото Волф одговори на прашањето дали би бил заинтересиран за позиција во Ферари

EPA-EFE/RONALD WITTEK

Австриецот вели дека е горд што е во Формула 1 тимот на Мерцедес, но ако од Ферари му пристапеле порано…

Шефот тимот на Мерцедес Тото Волф, даде изјава во врска со атрактивноста на работата во италијанскиот Формула 1 тим „Ферари“.

– Секој што вели дека не би бил заинтересиран да биде шеф на Ферари, едноставно не ја кажува вистината! Но, многу сум горд што завршив во Мерцедес. Меѓутоа, ако Ферари се појавеше порано и ми пријде со понуда за слична позиција, чувствата ќе беа исти – ја цитираше прес-службата на Формула 1 изјавата на Волф.

Претходно Волф призна дека со големи емоции ги доживеал неуспешните настапи на својот тим минатата сезона. Ги спореди со „личен пад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот