Тоти за малку ќе се разведел поради мачка

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Славниот италијански фудбалер и миленик на навивачите на Рома, Франческо Тоти во разговор преку Инстаграм со поранешниот репрезентативел колега, Кристијан Виери, открива дека за малку ќе се разведел од сопругата Илари Бласи. Причината за тоа е неверојатна, домашна мачка.

Жена ми купи мачка, преубава е. Ја нарековме Дона Паола. Секоја вечер кога ќе легнеме да спиеме, таа е со нас во крервет. Буквално е подготвена да умре само за да легне со нас. Но, на почетокот не ја сакав и бев подготвен да се разведам поради Дона Паола. Жена ми ја сакаше мачката по секоја цена и крајот нејзиниот збор беше последен. Не се консултираше со мене, само ја зеде и ја донесе дома. Не зборувавме два дена, но потоа се вљубив во мачката – му открива „Принцот на Рим“ на Кристијан Виери.

Франческо Тоти се повлече од фудбалот во 2017 година по 25 години активна кариера која ја помина само во еден клуб, Рома.

Тоти и Бласи која е поранешна манекенка се венчаа во 2005 година и имаат три деца, синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот