Тоти во италијанската „Куќа на славните”

EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Легендарниот фудбалер на Рома и на италијанската репрезентација, Франческо Тоти доби признание за одличните игри со приемот во „Куќата на славните“ на италијанскиот фудбал. Свечената церемонија за приемот на Тоти се одржа во Фиренца.

– Неверојатен ден! Сакам да им се заблагодарам на сите што ми ја укажаа оваа неверојатна чест. Мислам дека Светското првенство во 2006 година кога триумфиравме е клучно за приемот. Ви благодарам – изјави Тоти.

Франческо Тоти целата фудбалска кариера ја мина во редовите на Рома. Дебитантскиот настап за „римската волчица“ го имаше 1992 година на 17 години и освои една титула во Серија А (2001), два Купа на Италија (2007,2008) и два пати триумфираше и во италијанскиот Суперкуп (2001,2007).
Со репрезентацијата на Италија триумфираше на СП 2006 година откако во финалето по подобро изведување на пенали ја совладаа Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот