Тоти: Умирам, Американците не ги сакаат Римјаните

Франческо Тоти одлучи по 30 години минати во Рома, да си замине од римскиот клуб. Иконата на навивачите и на клубот, не го криепе разочарувањето од сопствениците кои сакаа по секоја цена да го тргнат Тоти од управата. Тие му понудија да биде амбасадор на клубот, но Тоти ја одби понудата.

– Главната цел на некои луѓе беше да се тргнат Римјаните од Рома. Во претходните осум години откако сопственици се Американци, работат да не тргнат од клубот, на крајот успеаја во тоа – вели Тоти.

„Принцот на Рим“ нема намера да се враќа на „Олимпико“ додека не си замине сопственикот Палота.
– Би се вратил во Рома кога ќе дојдат други соппственици и ќе веруваат во мене. Никогаш нема да кажам лош збор за клубот, но се чувствувам многу полошо отколку кога ја завршив кариерата. Имам чувство како да умирам. Мноу луѓе ми зборуваа дека претставувам товар за клубот и дека му стојам на патот. Тие зборови многу ме болат. Палота и Балдини никогаш директно во лице не ми кажаа да останам во клубот, секогаш тоа одеше преку други луѓе. Некои луѓе ми зарија нож во грбот, се чувствувам предадено и затоа ја напуштам Рома – вели Тоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот