Тоти се збогува со Рома после 30 години!

Фото: twitter.com/Angelpajuelo6

Тоти донесе одлука да се раздели со римската „волчица“, а в понеделник пред медиумите ќе ја потврди ваквата информација.

Италијанската фудбалска легенда уште во мај размислуваше да се повлече од управата, но сега донесе конечна одлука.

Не се појави на состанокот на управата кој првиот човек на клубот го организираше во Лондон. Тоти не е задоволен од одредени избори кои Рома ги направи, не му се допадна тоа што се разделија со Масаро, а не беше ангажиран ниту Петраки.

Тоти беше во Рома од 1989 година, со одиграни 786 официјални натпревари и 307 голови, со „волчицата“ ја освои Серија А, по два трофеи од Купот на Италија и Суперкупот.

Остана единствено верен на Рома, ја имаше улогата на фукционер, а сега ќе го напушти клубот после 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот