Тоти: Ме натераа да ја напуштам Рома и сега патам
Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти изјави дека се верувал оти никогаш нема да ја напушти „римската волчица“.
Миленикот на навивачите смета дека на клубот му е потребен некој кој добро ги знае состојбите во клубот.
– Замислував дека засекогаш ќе останам во Рома. Но, ме натераа да донесам одлука која никогаш не би ја донел. Направив избор и одлучив да останам во фудбалот, но не во Рома – рече Тоти.
Франческо Тоти целата кариера ја помина во Рома, од 1992. до 2017. година одигра 786 натпревари и постигна 307 голови и освои една титула во Серија А, два италијански купа и два Суперкупа на Италија.
Веднаш по завршување на кариерата, Тоти ја презеде функцијата директор на Рома, но во 2019 година си поднесе оставка поради несогласувања со поранешниот сопственик, Џејмс Палота.
Тоти им порача на новите сопственици, Фридкин групата дека доколку му се обратат, тој сигурно би седнал да разговара со нив.
– Сакам да го продолжам патот, не би смирил се додека не ја завршам работата. Попрво би извршил самоубиство отколку да ја напуштам Рона. Би можел да донесам само добри работи. Но, јас патам. МОжев да направам повеќе од претходните директори, но бев како последниот Мохиканец, претходните сопственици никогаш не ме вклучија во носењето на одлуките. Сега клубот повторно е во рацете на странци, тренерот и спортскиот директор се странци. А, некој кој знае се за Рома, може да биде корисен и токму тоа и недостасува на екипата – додаде Тоти.