Тоти има нова работа и прв клиент

Легендата на Рома влегува во менаџерските води.

Франческо Тоти пред три години стави крај на својата кариера, тој пред преполниот „Олимпико“ се прости од Рома и замина во пензија. Иако веднаш доби функција во Рома, Тоти по само неколку месеци си замина од клубот во кој ја помина целата кариера, и одлучи да се испроба во нова професија.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Тоти влегува во менаџерските води, деновиве конечно ја регистрира својата агенција и веќе го доби првиот клиент, фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

Фудбалерот на Наполи неодамна го раскина договорот со контроверзниот Мино Рајола и најдоцна до другата недела треба и официјално да стане првиот клиент на менаџерската агенција на Франческо Тоти.

Задачата на Тоти ќе му биде да му обезбеди на Инсиње нов договор со Наполи иако за неговите услуги се интересираат неколку англиски екипи како Ливерпул, Евертон, Арсенал, Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот