Тотенхем за 50 милиони фунти купува италијански репрезентативец!?

фото: твитер

Тотенхем е подготвен да испрати понуда за играчот за врска од редовите на Рома, Николо Заниоло.

Според „Дејли Експрес“, премиерлигашот ќе се обиде да го ангажира 21-годишниот фудбалер кој моментно вреди 50 милиони фунти.

Од 2018 година за „волчицата“ досега има 64 мечеви и 13 голови, а за најдобрата италијанска репрезентација има пет натпревари и два погодоци.

Пред да се пресели во Рим, беше дел милански Интер, но не забележа ниту еден настап, а за Виртус Ентела запиша седум натпревари.

Во Премиер лигата играчите на Жозе Мурињо имаат уште еден меч до крајот на сезоната, моментно се седмопласирани со 58 бодови и имаат уште една шанса да дојдат до шестата позиција која носи во квалификациите на Лига Европа, а таму моментно е Вулверхемптон (59). Во последното коло Тотенхем му гостува на Кристал Палас, а Вулверхемптон оди кај Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот