Тотенхем во Серија А ја пронајде замената на Кејн

twitter/UEFA2020

Англискиот тим и Жозе Мурињо мора да реагираат откако лекарите потврдија дека напаѓачот Хари Кејн ќе мора да оди на операција.

Англискиот репрезентативец Хари Кејн ќе мора да оди на операција поради тешка повреда на ногата и поради тоа ќе отсуствува од фудбалските терени колу три месеци.
Поради тоа, Тотенхем и менаџерот Жозе Мурињо, екстресно тргнаа во потрагата по негова замена и ја најдоа во Серија А.

twitter/UtdArena.

Станува збор за Криштоф Пјатек, кој настапува за екипата на Милан. Иако имаше добар старт откако дојде во Милан, на почетокот од минатата година, оваа сезона Пјатек на 18 натпревари даде само четири гола, а со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ падна во втор план кај тренерот Стефано Пиоли.

Ваквата сотојба сака да ја искористи Тотенхем кој е подготвен да ги плати бараните 30 милиони евра за ангажман на Пјатек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот