Тотенхем скапо ја плати победата над сити, се повреди Кејн (ВИДЕО)

EPA-EFE/NEIL HALL

Минималниот триумф од 1:0 над Манчестер сити, екипата на Тотенхем може многу скапо да ја чини, во оти  50. минута се повреди Хари Кејн. Тој по еден дуел со Фабијан Делф се пожали на болки на зглобот на левата нога и на прв поглед изгледаше дека е сериозна повреда.
– Многу тажна ситуација. Ќе биде многу тешко и ќе ни недостасува. Можеби го загубивме до крајот на сезоната – изјави Маурицио Покетино, тренерот на Тотенхем.

Кејн и во минатото имаше проблеми со зглобовите, а поради повреда на зглобот на десната нога веќе отсуствуваше шест недели сезонава.

Од таборот на Манчестер не се премногу загрижени од поразот, иако имаа шанса преку Серхио Агуеро да дојдат до реми, но напаѓачот го промаши пеналот.
– Ние создадовме повеќе шанси, не беше само пеналот. Ја контролиравме играта и не дозволивме противникот да не нападне. Резултатот не е најдобар, но за да одиме понатаму, треба да бидеме ефикасни. Игравме добро, но ова е Лига на шампиони, ова е тест за нас. – вели Пеп Гвардиола тренерот на Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот