Тотенхем се вклучува во трката по потписот со Дембеле

Осман Дембеле сака да потпише нов договор со Барселона/ фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Екипата на Тотенхем сериозно е заинтересирана за ангажирање на францускиот репрезентативец Осман Дембеле кој настапува за Барселона.

Според шпанските медиуми, Антонио Конте, менаџерот на Тотенхем, Дембеле е идеалната замена за Лукаш Моура.

Договорот на Дембеле со Барселона му истекува на 30 јуни идната година и доколку до крајот на оваа година не потпише нов договор со каталонскиот тим, од први јануари ќе може да преговара со сите заинтересирани екипи.

Барселона сè уште нема доставено официјална понуда за продолжување на соработката со Дембеле и тој момент сака да го искористи Тотенхем чиј менаџер смета дека стилот на игра на Французинот идеал но би се вклопил во неговата визија на игра.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека најверојатно Тотенхем ќе биде идната дестинација на Дембеле доколку не се согласи да потпише нов договор со Барселона, а нема да биде Њукасл кој исто така покажува сериозен интерес за Французинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот