9.2 C
Скопје

Тотенхем се сопна против Фулам, загуби два бода

Фудбалерите на Тотенхем не успеаја да го совладаат градскиот ривал Фулам играјќи 1:1.

Во заостанатиот натпревар од 16. коло во Премиер лигата, Тотенхем поведе со голот на капитенот Хари Кејн кој во 25. минута со одличен удар со глава го совлада голманот Ареола.

Во првото полувреме, Фулам имаше шанса да израмни но шутот на Рубен Лофтус-Чук заврши покрај стативата.
Во второто полувреме, Хјонг-Мин Сон во 72. минута имаше голема шанса да ги реши дилемите околу победникот кога топката по неговиот удар удри во стативата но не влезе во мрежата.

Две минути подоцна, домашните фудбалери доживеаја шок кога Иван Кавалиеро ги натскока противниците и го совлада немоќниот Уго Лорис.
Со ремито, Тотенхем сега е шести на табелата со 30 бода, шест помалку од лидерот Манчестер јунајтед, додека Фулам е 18. со 12. бода.

Прочитајте и...  ВИДЕО: „Џинот“ Марјановиќ изблокиран од 30 сантиметри понизок играч

Поврзани вести

Швеѓаните ја растурија Русија, Франција е силна и без Карабатиќ

Слободен печат

Арсенал замената за Озил ја најде во Реал Мадрид

Слободен печат

Хит фотка: Стоилов и Пешевски во друштво на дебелкото од Конго

Слободен печат

Египет и Парондо одат според планот, реми со Словенија за четвртфинале

Слободен печат

ВИДЕО: Солскјер конечно го победи Клоп, Фернандеш го исфрлли Ливерпул од ФА купот

Слободен печат

Моќни зборови на поддршка по авионската несреќа во Бразил: Ние знаеме како ви е, нема да бидете сами

Слободен печат

Остави Коментар