Тотенхем се приклучи на борбата за место во Лигата на шампиони

Манчестер сити не се откажува од Кејн/EPA-EFE/Tim Keeton

Тотенхем како гостин ја совлада Астон Вила во 29. коло во Премиер лигата и се влезе во трката за четвртото место на табелата.

Фудбалерите на Тотенхем многу брзо ја преболеа елиминацијата во Лигата на Европа од Динамо Загреб, и на тешкото гостување во Бирмингем успеаја да освојат три бода со кои се вклучија во битката за четвртото место на табелата. Тотенхем со 0:2 славеше на гостувањето кај Астон Вила притоа одигрувајќи фантастичен натпревар.
Во првото полувреме, фудбалерите на Тотенхем не му дозволија на проптивникот да упати ниту еден шут кон нивниот гол, а притоа во 29. минута преку Карлос Винисиус поведоа со 0:1.
Потоа Жозе Мурињо се одлучи неговите фудбалери да се преориентираат на чување на водството, но за разлика од некои натпревари во минатото кога тоа им се одби од глава, овој пат имаа среќа да во 67. минута Мети Кеш да направи пенал. Сигурен реализатор беше Хари Кејн со што ја завери победата на својот тим.
Сега Тотенхем има 48 бода со кои се наоѓа на шестото место на табелата, но има само три помалку од четвртопласираниот Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот