ВИДЕО | Тотенхем победи, но остана без Европа, Лестер и Лидс испаднаа од Премиер лигата

Фото: Everton FC

Најголем дел од работите во Премиер лигата беа познати и пред денешното последно коло кое помина без преголема драма.

Тотенхем и дефинитивно остана без настап во Европа, местото во Конференциската лига и припадна на Астон Вила која дене го совлада Брајтон со 2:1.

Друштво во Чемпионшип на веќе испаднатиот Саутемптон му прават Лестер и Лидс. Евертон си го обезбеди местото во друштовто на најдобрите откако со минимални 1:0 го совлада Бормут. За Лестер не вредеше и победата против Вест Хем од 1:0.

 

Пораз во ова коло доживеа шампионот Манчестер Сити кој откако ја прослави титулата како да не беше премногу заинтересиран. Подобар од „граѓаните“ беше Брентфорд со 1:0.

Арсенал по двата порази во низа денес беше убедлив и со 5:0 го совлада Вулвс.

Вистинска голеада видовме на дуелот помеѓу последнопласираниот Саутемптон и Ливерпул кој заврши со 4:4.

ПРЕМИЕР ЛИГА 38-КОЛО:

Арсенал – Вулвс 5:0

Астон Вила – Брајтон 2:1

Брентфорд Манчестер Сити 1:0

Челси – Њукасл 1:1

Кристал Палас – Нотингем 1:1

Евертон – Бормут 1:0

Лидс – Тотенхем 1:4

Лестер – Вест Хем 2:0

Манчестер Јунајтед – Фулам 2:

Саутемптон – Ливерпул 4:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот