Тотенхем летово ќе го одврзе ќесето

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Екипата на Тотенхем конечно планира да се активира на трансфер пазарот и во нотесот на менаџерот Маурицио Покетино се наоѓаат две млади ѕвезди кои блеснаа минатата сезона.

Покетино е свесен дека ќе остане без својот најдобар фудбалер од средниот ред, Кристијан Ериксен кој би требало да потпише за Реал Мадрид. Токму затоа побара од претседателот Даниел Леви да му ангажира двајца фудбалери кои имаа сезона за паметење, Дони ван де Бек од Ајакс и фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.

Ван де Бек беше еден од најдобрите фудбалери на Ајакс во изминатата сезона кого секунди го делеа од пласман во финалето во ЛШ. Младиот 22-годишен холандски репрезентативец сезонава постигна 17 голови и имаше 13 асистенции, а еден од головите беше постигна токму против  Тотенхем во првиот полуфинален дуел во ЛШ.  Ајакс не планира да се раздели од Ван де Бек за помалку од 50 милиони евра, а голема конкуренција на англискиот прволигаш ќе му бидат Реал Мадрид, Интер, ПСЖ и Арсенал кои исто така се подготвени да ја платат бараната сума.

Бруно Фернандеш иако игра во средниот ред, тој со постигнати 20 голови за Спортинг беше втор стрелец во португалскиот шампионат, а во сите натпреварувања постигна дури 32 голови, додека имаше и 18 асистенции. Откупната клаузула за Фернандеш изнесува 100 милиони евра, а интерес пројавуваат уште и двата тима од Манчестер, Сити и Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот