Тотенхем ќе откупи двајца играчи за 80 милиони евра!?

Дејан Кулушевски е на позајмица во Тотенхем од Јувентус/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Тотенхем во последното коло од Премиер лигата мора да го победи отпишаниот Норич за да го обезбеди четвртото место за пласман во Лигата на шампионите.

Менаџерот на клубот, Антонио Конте е пред директниот конкурент Арсенал за да ја обезбеди последната позиција која носи пласман во најелитното клупско фудбалско натпреварување.

Последните информации велат дека Конте и Тотенхем наскоро ќе одат на „шопинг“. Новинарот Фабрицио Романо најавува дека Тотенхем ќе ги откупи Дејан Кулушевски (22) од Јувентус и Кристиан Ромеро (24) од Аталанта.

За овие двајца играчи Англичаните ќе им платат на Италијанците 80 милиони евра. Конте е задоволен од младите фудбалери и планира околу нив да ја гради иднината во тимот.

Шведскиот напаѓач Кулушевски во јануари пристигна во Тотенхем како позајмица од Јувентус. Во Премиер лигата одигра 17 натпревари, постигна три гола и запиша осум асистенции. Тотенхем има право на откуп за 35 милиони евра и ќе го искористи. Минатото лето во клубот пристигна аргентинскиот дефанзивец Ромеро. Тотенхем за него ќе потроши 45 милиони евра и ќе го откупи договорот.

Видео на денот