Тотенхем испушти победа над Олимпијакос (ВИДЕО)

фото: Twitter.ChampionsLeaugue

Европскиот вицешампион Тотенхем со реми ја започна новата сезона во Лигата на шампионите. Тотенхем на гостувањето кај Олимпијакос одигра само 2:2, додека во вториот натпревар Бриж и Галатасарај ги поделија бодовите играјќи без голови.

Фудбалерите на Тотенхем одлично го започнаа мечот во Пиреја, имаа теренска иницијатива, а првиот гол го постигнаа во 26. минута преку Хари Кејн. Само четири минути подоцна, Лукас Моура зголеми на 0:2. И кога се мислеше дека на полувреме ќе се замине со тој резултат, домашните фудбалери преки Поденс намалија на 1:2. Во второто полувреме, во 54. минута Метју Валбуена го реализираше ударот од белата точка за 2:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Во вториот натпревар, Бриж и Галатасарај одиграа без голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот