Тотенхем има еден услов за да го продаде Кејн

twitter/WhoScored.com

Англиските медиуми веќе неколку денови информираат дека Хари Кејн на лето ќе го напушти Тотенхем поради што секојдневно се појавуваат информации за наредниот клуб на одличниот англиски репрезентативец.

Иако во Тотенхем досега ги негираа овие информации, денеска доаѓа сигнал дека претседателот Даниел Леви е подготвен за разделба со Кејн.

Леви првично најави дека ќе бара 227 милиони евра, но свесен дека пандемијата на коронавирусот ќе ја намали платежната моќ на сите европски гиганти, ја намали цената на 180 милиони евра, но има еден услов за да го пушти својот најдобар играч да си замине, пренесува „Скај“.

Леви инсистира дека Кејн може да си замине од Тотенхем, но кариерата да не ја продолжи во ниту еден клуб од Премиер лигата.

Најголем интерес за него пројавуваше Манчестер јунајтед, па во желбата да не ги засилува конкурентите во Премиер лигата, Леви инсистира Кејн да игра во некоја друга лига.

Како можна дестинација се споменуваат само три земји и четири екипи. Реал Мадрид и Барселона покажаа сериозен интерес за англискиот репрезентативец, но тие ова лето имаат други приоритети.

Јувентус исто така е заинтересиран, подготвен е да понуди околу 150 милиони евра и да уфрли некој играч во размената, но единствена екипа која може без проблеми да ја плати бараната сума е ПСЖ кој во Кејн ја гледа идеалната замена за Килијан Мбапе за кого се очекува да се пресели во Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот