Тотенхем и Мурињо се подалеку од ЛШ, Арсенал фаќа залет (ВИДЕО)

твитер

Екипата на Тотенхем се наоѓа во резултатска криза и полека го губи здивот во трката за четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Тотенхем одигра само 1:1 на гостувањето кај Барнли, со што серијата без победи на избраниците на Жозе Мурињо сега ознесува пет натпревари, а мала утеха е тоа што конечно ја прекинаа серијата од четири порази во низа.

Барнли поведе во 13. минута со голот на Крис Вуд, а бодот за Тотенхем го обезбеди Дели Али со голот од пенал во 50. минута.

По 29. коло, Тотенхем остана на осмото место на табелата во Премиер лигата со 41 бод, четири помалку од четвртопласираниот Челси кој има и натпревар помалку.

За разлика од Тотенхем, градскиот ривал Арсенал влегува во ритам и во последните 13 натпревари во сите конкуренции има само еден пораз. „Топчиите“ со минимални 1:0 го совладаа Вест Хем благодарение на голот на Александре Лаказет во 78. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот