Тотенхем и Мурињо доаѓаат во Скопје, Ибраими со фантстичен гол го потопи Ботошани (ВИДЕО)

фото: ФК Шкендија

Екипата на Шкендија оствари минимален триумф во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа и си обезбеди дуел со англискиот великан Тотенхем наредната недела.

Шкендија славеше со 0:1 на гостувањето кај романскиот Ботошани и тоа благодарение на фантастичниот гол на Бесарт Ибраими уште во втората минута.

Ибраими прими одлична топка по десната страна и со лоб постигна прекрасен гол кој на крајот се покажа одлучувачки за тетовци да триумфираат и да си обезбедат дуел со Тотенхем и Жозе Мурињо кои славеа со 1:2 на гостувањето кај Локомотив Пловдив.

Романскиот тим за кого настапува и Давид Бабунски ја презеде иницијативата, напаѓаше но не успеа да ја пробие одличната одбрана на Шкендија со која командуваше голманот Константин Захов.

Работите станаа потешки за тетовските „црвено-црни“ во 67. минута кога Алими доби втор жолт картон што значеше исклучување но и покрај тоа, мрежата на Захов остана мирна и Шкендија славеше и си обезбеди дуел со Тотенхем идниот четврток во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот