Тотенхем го нуди Ериксен на попуст

EPA-EFE/ANDY RAIN

Финалистот во Лигата на шампионите, Тотенхем одлучи да го стави на трансфер листата еден од најдобрите фудбалери, Кристијан Ериксен.
Тотенхем на ваков чекор се одлучи бидејќи данскиот репрезентативец одбива да потпише нов договор со премиерлигашот, а сегашниот му истекува идното лето.

Поради тоа, претседателот Даниел Леви сака да заработи додека може и му го понуди Ериксен на Реал Мадрид и тоа за сума од 70 милиони евра. Оваа сума претставува двојно помалку од таа што Леви ја бараше пред еден месец кога Реал Мадрид сериозно беше загреан за негов ангажман.

Леви веќе имал средба со директорот на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез, но интересот кај „кралевите“ за реализација на овој трансфер не е голем бидејќи веќе се насочија кон други мети.

Тренерот Зинедин Зидан побара од управата доколку не успее да се договори со Манчестер јунајтед за ангажман на Пол Погба, тогаш своето внимание да го насочи кон фудбалерот на Ајакс, Дони Ван де Бек кој е поевтин од Ериксен и „кралевите“ би ги чинел нешто повеќе од 50 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот