Тотенхем ги казни грешките на Арсенал! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од 35 коло во Премиер лигата екипата на Тотенхем со 2:1 успеа да го совлада Арсенал. На стадионот во Лондон први во водство дојдоа „топчиите“ со голот на Лаказет кој испратил „проектил“ во мрежата на Лорис во 16 минута.

Само три минути подоцна играчите на менаџерот Жозе Мурињо израмнија преку Хјунг-Мин кој ја казни грешката на гостинската одбрана.

Целосниот пресврт се случи во 81 минута, после еден изведен корнер највисоко скокна Алдервирелд и ги обезбеди трите бода.

Тотенхем со овој триумф ги одржува шансите за настап во Европа, моментно на три кола до крајот на сезоната е на осмото место со 52 бодови, зад Вулверхемптон (55) на шестото место и Шефилд јунајтед (54) на седмата позиција. Арсенал после деветтиот пораз сезонава е на деветтата позиција со 50 бодови.

Во претходните две средби од саботната програма Вулверхемптон убедливо со 3:0 беше подобар од Евертон, а со 2:0 Астон Вила славеше над Кристал Палас. Од 20.00 часот силите ќе ги одмерат Борнмут и Лестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот