9 C
Скопје

Тотален крах на Борис Бекер: Заработуваше милиони, а сега може да го изнајмите за 2.700 денари и да добиете часови од поранешниот тренер на Ѓоковиќ

Поранешниот најдобар светски тенисер, 52-годишниот Борис Бекер се наоѓа во големи финансиски проблеми поради што почна да нуди виртуелни тениски курсеци за да заработи некое евро.

Научете од тениска легенда како да го искористите својот потенцијал“, објави Бекер на социјалните мрежи и приложи десетина видеа на кои се обидува ги објасни тајните на тенисот на почетниците.

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ за своите совети наплатува 40 фунти, или нешто повеќе од 2.700 денари.

БОРИС БЕКЕР ЗА ЃОКОВИЌ: Му пречи тоа што не е толку популарен како Федерер и Надал

Пред три години, Борис Бекер на суд прогласи банкрот поради што мораше да се откаже од сите трофеи кои ги освои за време на кариерата.

Бекер ќе остане на улица, целиот имот оди на аукција

Германецот зад себе има шест грен слем титули, три пати победуваше на Вимблддон, два пати на Австралија Опен и еднаш на УС Опен и во кариерата триумфира на 49 турнири, а во 1992 година на Олимписките игри во Барселона го освои златниот медал во дубл.

Бекер: Младите тенисери немаат м***ња за големи победи

Прочитајте и...  Ракометен скандал на СП: Нè гледаа како вирус, како животни, тоа е расизам!

Поврзани вести

Енис Барди на терените во „Ла Лига“ после скоро три месеци!

Слободен печат

СП: Ремизираа Шведска и Словенија, пеколна борба за четвртфинале

Слободен печат

ВИДЕО: Шок за „армејците“, Барса пресилна за Црвена звезда!

Слободен печат

Љафтов: Со успехот ќе придонесеме за афирмирање на одбојката, но и целокупно на спортот во Македонија!

Ракометен скандал на СП: Нè гледаа како вирус, како животни, тоа е расизам!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичен Македонецот, Тричковски со хет-трик за 22 минути игра!

Слободен печат

Остави Коментар