Тошевски за пресврт на „романтичарите“, само бод за Шкендија во Кратово

фото: fkrabotnicki.com

Ренова во битката за опстанокот забележа важна победа против Струга Трим Лум благодарение на головите на Миовски и Кадриу…

Се одиграа сите четири натпревари в недела во рамките од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), Вардар е сега на 10 бода предност пред второпласираната Шкендија.

Шкендија од Тетово денеска одигра само нерешено (0:0) на гостувањето кај Кратово против екипата на Силекс кој остана третопласиран во генералниот пласман.

Сега Македонија ЃП после победата над Академија Пандев е на само три бода од Шкендија, па така се најавува голема борба за позициите кои водат на европската сцена за наредната сезона.

Ренова во важна битка за опстанокот со головите на Миовски и Кадриу успеа да ги освои трите бода против Струга Трим Лум.

Работнички одлично го започнува вториот дел од сезоната, после победата над Струга Трим Лум, овојпат на домашен терен со 2:1 беше подобар од Шкупи.

Иако тимот од Чаир водеше после првото полувреме со голот на Исени од пенал, „романтичарите“ направија целосен пресврт благодарение на двојниот стрелец Тошевски.

На табелата води Вардар со 42 бодови, пред Шкендија (32), Силекс (31), Македонија ЃП (29), Академија Пандев (27), Шкупи (25), Струга Трим Лум (24), Ренова (22), Работнички (21) и Борец (20).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот