Тошевски: Во Ранковце има 2 заболени лица, преземени се мерки за справување со Ковид-19

Градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за состојбата во општината.

-Има две лица заболени од нашата општина. Двајцата се во самоизолација. До сега ние како општина одржавме пет состанока од појавувањето на оваа болест. Преземени се неопходните мерки за справување со болеста. Затворени се двата пазари, спортски објекти. Полицискиот час и сите препораки се почитуваат, изјави Тошевски.

Се врши дезинфекција во општината и полека се надминуваат проблемите со онлајн наставата.

До сега имаме хигиенски средства. Сите улици се дезинфицирани. Дезинфицирањето го врши противпожарната заедно со јавното претпријатие. Во снабдување на маските ни помогна и градоначалникот на Прилеп. Очекуваме уште донации. Имаме мали проблеми со онлајн наставата, но од страна на директорката на училиштето која е член на кризниот штаб добив уверување дека се преземаат мерките и се работи за мали проблеми, вели Тошевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот