Тошевски промовиран во Ростов како голема ѕвезда: Ни дојде нов суперхерој кој знае да дава голови (ВИДЕО)

принтскрин

Рускиот тим Ростов имаше спектакуларна промоција на засилувањето од еден од најталентираните македонски фудбалери, Давид Тошевски.

Трансферот на Тошевски од Работнички во Ростов изнесува 900.000 евра.
Младиот македонски репрезентативец потпиша петгодишен договор и го задолжи дресот со број девет, а рускиот тим имаше спектакуларна промоција во која Тошевски беше претставен како суперхерој.

„Специјален авион се појави на нашиот аеродром, а меѓу патниците и важна личност за нашиот клуб. Во нашата банда дојде нов суперхерој, кој знае да постигнува голови“, напишаа од рускиот тим во описот на видеото со кое е промовиран Тошевски како најново засилување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот