Тошевски потпиша за албанскиот шампион Тирана

фото: facebook.com/kftirana.al

Македонскиот репрезентативец одлучи да го напушти Вардар и го направи својот прв трансфер во странство.

26-годишниот дефанзивец од следната сезона ќе ги брани боите на Тирана, а оваа информација ја потврдија и од клубот.

Доаѓа во тим кој минатата сезона успеа да ја освои титулата во најсилното фудбалско првенство на Албанија.

Пред да се пресели во Вардар, играше уште за екипите на Тетекс и Пелистер.

Тошевски потпиша договор на две години со Тирана и веднаш ќе им се придружи на своите нови тимски колеги во подготвителната фаза која се очекува да започне во следните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот