Тошевски два месеци во аут, го пропушта турнирот на младата репрезентација во Анталија

фото: фејсбук

Младинскиот репрезентативец Давид Тошевски, има повреда на задните вкрстени лигаменти поради која ќе мора два месеци да одмора, и со тоа ќе го пропушти турнирот во Анталија.
Македонската репрезентација до 21 година во Анталија ќе биде дел од турнирот заедно со Казахстан, Словачка и Бугарија и овој настап ќе претставува создавање на нова генерација млади репрезентативци под палката на селекторот, Благоја Милевски.

На овој турнир нема да настапи Тошевски кој треба да биде еден од носителите на играта на младата репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2023 година.
Покрај Тошевски, на турнирот нема да настапи ниту фудбалерот на Мелбурн сити, Стефан Чолаковски поради ригорозните здравствени мерки во Австралија.

– За жал на Давид Тошевски нема да може да сметаме на турнирот во Анталија поради повреда на лигаментите, па го очекува пауза од два месеци. Се слушнавме со Тошевски, среќа лигаментите не се скинати, па му посакуваме брзо опоравување – изјави Милевски .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот